Како да се справите со недостигот на работна сила

Се соочувате со предизвици во работењето поради моменталниот недостиг на работа сила? Не грижете се, постои решение кое ќе се справи со сите ваши предизвици.

Недостигот на работна сила во рестораните е вистински проблем, обликуван од различни фактори, од економски промени до здравствени проблеми. За да надмините овие турбулентни времиња, од суштинско значење е да имате иновативен пристап. Во продолжение ќе се посветиме на детално разбирање на факторите кои влијаат и решението за тековниот недостиг на работна сила.

Причини за недостиг на работна сила

Недостигот на работна сила во угостителскиот сектор не е само мит, тоа е реалност под влијание на повеќе фактори. За да дознаеме како да го решиме проблемот, прво мора да да ги разбериме сите причини поради кои тој настанува.
Економски услови
Влијанието на промените во економијата, како што се високите нивоа на невработеност, инфлација или конкуренцијата за работна сила во другите индустрии, можат да доведат до недостиг на квалификувани работници во угостителскиот сектор.
Здравствени и безбедносни причини
Пандемијата предизвика значителни здравствени грижи, што ги оттргна многу вработени од работното место, особено во индустрии каде што се работата се одвива лице во лице. Голем дел од работниците од овие индустрии мигрираа во побезбедни индустрии каде што може да се работи од дома или се работи без директен контакт со голем број луѓе.
Промена на демографија
Промените во населението и неговата старосна структура, како и преференциите на младите генерации за различни видови на работни средини, влијаат значително на работната сила во угостителството. Сезонските миграции на работници исто така можат да предизвикаат недостиг на работна сила во одредени туристички места.
Ова се главните причини поради кој постои недостиг на работна сила, со мали разлики зависно од регионот или државата. Воспоставивме дека проблемот со работната сила е вистински, ги разгледавме главните причини, сега ни останува уште да го разгледаме решението за проблемот.

Бесконтактна техонолија, совршено решение

Бесконтактната технологија се заснова на QR систем и им овозможуваат на гостите да скенираат QR код со нивните смартфони, со што можат лесно да го разгледаат менито, да нарачаат и да платат. Ова не само што го намалува притисокот предизвикан од недостигот на работна сила во рестораните, туку истовремено создава повеќе придобивки за угостителските објекти:
Безбедно работење
Употребата на QR кодови помага во намалување на физичките контакти меѓу персоналот и гостите, што е особено важно во индустријата пост-covid светот.
Зголемена ефикасност
Со QR код системите, времето потребно за нарачка и плаќање е значително намалено, што овозможува брзо и ефикасно обслужување, дури и при ограничена работна сила.
Намалување на Грешките
Автоматизацијата на процесот на нарачка намалува веројатноста за грешки кои често се случуваат во традиционалните начини на нарачување и плаќање.
Пристап до податоци
QR системите овозможуваат собирање на вредни податоци за навиките и преференциите на клиентите, кои можат да се искористат за унапредување на услугата и за персонализиран маркетинг.

Ecash EOrder, нашиот избор за бесконтактно решение

EOrder (QR Order) e иновативно решение за угостителската индустрија, кое помага во останувањето на чекор пред конкуренцијата. Системот ви овозможува на вашите клиенти да прават нарачки и плаќања директно од нивните телефони преку скенирање на QR кодови, обезбедувајќи удобност и безбедност. Основните аспекти на системот вклучуваат:

Безконтактни нарачки
 Клиентите можат лесно да пристапат до менито и да прават нарачки без физички контакт, што ја зголемува ефикасноста и го подобрува искуството при јадење.
Интуитивно QR мени
 Системот овозможува клиентите да прегледуваат и подесуваат нарачки со едноставно скенирање на QR код, со специфични кодови за секоја маса.
Модификација на менито
Можете лесно да  ги ажурирате своите менита преку QR системот, овозможувајќи ви да се прилагодите на потребите и преференциите на клиентите.
Безбеден QR систем за плаќање
Системот овозможува брзи и безбедни трансакции, промовирајќи го вашиот бренд во центарот на процесот на плаќање.
Можности за промоција на брендот
Интеграцијата на логото и другите карактеристики на брендот во QR менито за подобрено препознавање.

Дополнителни стратегии

Користење на моќни алатки како Eorder се правото решение за справување со недостигнот на работна сила, но за посигурно решавање на проблемот, диверзификација на вашата стратегија е клучна.
Креирајте поконцизни менија, со помала понуда
 Со тоа го намалувате притисокот во кујната за подготовка на повеќе видови храна и придонесувате во конзистентност на квалитет на храна.
Понудете флексибилни смени
Во денешниов свет, промоцијата на добра рамнотежа помеѓу професионален и личен живот е застапена секаде. Привлечете потенцијален персонал со тоа што ќе им покажете дека се свесни и грижливи за нивните потреби.
Автоматизација
 Користете алатки за поедноставување на работата на вашиот персонал, од онлајн резервации до систем за дигитални билети, кои ќе овозможат побрзо и поефикасно управување со работниот процес.

Заклучок

Справувањето со недостигот на работна сила во угостителската индустрија бара иновативен и адаптивен пристап. Користењето на технологиите како EOrder (QR Order) не само што ја адресира оваа проблематика, туку истовремено нуди многу други придобивки. Овој систем ги надминува предизвиците на традиционалните методи на работа, нудејќи безбедност, ефикасност и зголемена контрола над процесот на нарачка и плаќање. Исто така, подобрува искуството на клиентите и ги поттикнува повторните посети, што влијае на зголемување на приходите. Во крајна линија, бесконтактната технологија како Ecash EOrder е совршеното решение за угостителските објекти кои се соочуваат со недостиг на работна сила, овозможувајќи им да останат конкурентни и успешни во секогаш променливиот пејзаж на угостителството.

Изберете го вашиот регион