Ecash POS систем за пицерии

Без разлика дали сакате да достигнете подобра услуга, поорганизирано работење, или побрза достава, нашиот POS систем за пицерии е идеален за подобрување на секој аспект од вашето работење.

Онлајн нарачки (QR Order)

QR системот дозволува безбеден и удобен начин на вашите клиенти сами да ги направат своите нарачки од сопствените мобилни уреди.

Онлајн интеграција

Совршено се интегрира со вашите постоечки апликации за достава на храна, создавајќи централизиран систем за плаќање и обработка на онлајн нарачки.

Следење на нарачки

Секоја маса има различен QR код за пристап до дигиталното мени за нарачки кое овозможува прецизни следење на изворот на секоја нарачка.

Плаќање

Гостите кои извршуваат нарачки преку онлајн платформите можат да ги реализираат своите плаќања дигитално или во моментот на достава.

Дигитален приказ на просторот

Дигиталниот приказ од внатрешното уредување на просторот ви нуди целосен преглед и ги организира сите активности во вашата пицерија.

Организиран пристап

На дигиталниот приказ, лесно распределете ги нарачките по локации и следете го статусот на сите нарачки поединечно.

Корекција на нарачки

Едноставно преместете ги нарачките од една на друга локација и ако треба поделете ja нарачката на повеќе сметки за да осигурате непречено искуство за вашите гости.

Преглед на локации

Подобрете ја услугата и севкупната ефикасност на ресторанот со информации во реално време за статусот на секоја нарачка и локација поединечно.

Најдобриот ПОС систем наменет за најдобрите пицерии

Не се задоволувајте со просечност, поставете нови стандарди на ефикасност и воодушевете ги вашите клиенти. Одлучете се за подобро уште денес!

Најдобар POS систем наменет за најдобрите пицерии

Не се задоволувајте со просечност, поставете нови стандарди на ефикасност и воодушевете ги вашите клиенти. Одлучете се за подобро уште денес!

Постигнете оперативна совршеност

Ecash POS системот вклучува три незаменливи модули кои целат да ги оптимизираат работните активности на вашата пицерија.

Кујнски дисплеј систем

Кујнскиот дисплеј систем (КДС) ги прима, обработува и пренасочува нарачките на екран во кујната, резултирајќи во поефикасен процес за подготовка на храната.

Управување со магацинот

Со анализа на податоците од Ecash POS системот можете проактивно да ги оптимизирате нивоата на залихи во вашиот магацин.

Финансиска анализа

Утврдете кои продажни канали се најпрофитабилни и кој производи се најпопуларни за да можете поефикасно да си распределите ресурсите.

Пронајдете го вашето идеално решение

Ecash POS системот претставува комплетно решение дизајнирано да ги задоволи потребите на секој угостителски објект. Од бесконтактни плаќање и обработка на нарачки, до детално следење на нивото на залихи во магацинот, Ecash ви нуди решение за секој дел од вашиот оперативен процес.

Подгответе го вашиот ресторан за успех!

Ecash е со вас во секој чекор на патот до успехот.

Персонализирана процена

Разговарајте со експерт и заедно создадете персонализирана стратегија за вашиот бизнис.

Високо квалитетен хардвер

Квалитетниот хардвер е суштинска алатка за непречено работење на највисоко ниво.

24/7 поддршка

Тим за поддршка, достапен 24/7 да ви помогне со проблеми поврзани со Ecash.

Софистициран POS хардвер за ресторани

Хардверот е еден од главните фактори во беспрекорно работење на секој угостителски објект. Нашето POS хардвер решение им овозможува непречен работен тек на сите угостителски објекти, без разлика дали е достапна интернет конекција. Со Ecash хардвер нема застој во вашите угостителски активности!

Придружете се на нашето патување кон едноставност и ефикасност

Изберете го вашиот регион