Ecash POS систем за продажба на отворено

Заборавете на стресот што доаѓа со управувањето на бизниси со продажба на отворено. Ecash POS e создаден да одговори на брзото темпо и константното движење на вашиот продажен објект.

Совршено решение за продажба на отворено

Ecash POS претставува флексибилно решение со минимални хардверски потреби, идеално за места за продажба со ограничен работен простор.

Едноставен за користење

Софтверското решение е дизајнирано за лесна навигација за сите корисници без разлика на нивното претходно искуство и техничко знаење.

Компатибилен со повеќе уреди

Без разлика дали користите мобилен телефон, таблет или лаптоп, Ecash POS системот совршено функционира на вашиот уред по избор.

Економично решение

Ecash POS ефикасно ги намалува вашите оперативни трошоци и значително ја забрзува услугата, овозможувајќи ви да послужите голем број на клиенти за пократко време.

Брза и ефикасна услуга

Ecash го забрзува процесот на преземање нарачки и плаќање, што доведува до побрза услуга и задоволни клиентите.

Приспособливо QR мени

Брзо и лесно можете да менувате и ажурирате ставки, цени и описи на дигиталното мени во реално време со цел да ја претставите вашата актуелна понуда.

Бесконтактна нарачка и наплата

Клиентите можат лесно да ги направат своите нарачки и да плаќаат преку своите мобилни уреди, користејќи го дигиталното мени.

Организирање на нарачките

Со помош на дисплеј системот, нарачките на вашите клиенти се обработуваат и пренасочуваат на дигитален приказ до местото за подготовка.

Совршено решение за продажба на отворено.

Овозможете си непречено работење, каде и да сте, со нашето мобилно POS решение за продажба на отворено!

Совршено решение за продажба на отворено.

Овозможете си непречено работење, каде и да сте, со нашето мобилно POS решение за продажба на отворено!

Совршена организација

Со централната контролна точка за повеќе локации и офлајн функционалност, можете да ја зголемите ефикасноста на вашиот продажен објект.

Повеќе локации

Ecash платформата ви овозможува едноставно управување и следење на активностите на повеќе продажни објекти во реално време, директно од вашиот мобилен уред.

Следење на залихите

Ecash модулот за магацини ви нуди пристап до информации за залихите на вашите продажни објекти, преку централна платформа достапна од вашиот уред.

Офлајн функционалност

Системот е развиен за стабилно работење во отсуство на интернет врска, со можност за синхронизација веднаш штом интернет врска ќе се воспостави.

Пронајдете го вашето идеално решение

Ecash POS системот претставува комплетно решение дизајнирано да ги задоволи потребите на секој угостителски објект. Од бесконтактни плаќање и обработка на нарачки, до детално следење на нивото на залихи во магацинот, Ecash ви нуди решение за секој дел од вашиот оперативен процес.

Често поставувани прашања.

Користењето на POS систем во вашиот продажен објект на отворено ви овозможува брзо и ефикасно управување со нарачки, поголема точност при обработка на плаќања, подобрена контрола на залихите, и податочна анализа за подобрување на бизнис одлуките. Исто така, POS системот може да ви помогне во следењето на продажбите и трендовите на потрошувачите.

Модулите на Ecash POS се целосно прилагодени за продажба на отворено. Некои од најпопуларните модули се: Кујнски дисплеј систем (брза обработка и приказ на нарачки), Управување со магацини (одлично за оптимизирање на нивоата на залихи) и QR системот (Бесконтактен начин на плаќање и испраќање нарачки).

Да. Ecash POS е изграден да работи на локации без достапна интернет врска. Системот обработува трансакции и ги чува податоците локално кога интернет врската е недостапна. Зачуваните податоци ќе се синхронизираат на Ecash облакот веднаш штом ќе се воспостави врската.

Апсолутно. Ecash POS нуди поддршка за повеќе локации, овозможувајќи ви да управувате со повеќе продажни објекти од централизиран систем.

Ecash POS е приспособлив, што значи дека може да се користи со таблети, мобилни уреди, лаптопи и друг вид хардвер кој веќе го поседувате.

Надминете ги сите очекувања со Ecash POS.

Изберете го вашиот регион