Комплетен POS систем за управување со ресторани

Ecash POS е иновативен софтвер создаден за да го унапреди работењето на вашиот ресторан, нудејќи лесен пристап до бројните POS модули со кои можете да создадете сеопфатен софтвер за ресторанско работење.

POS систем приспособлив на вашите потреби

Ecash POS системот е универзално решение, идеално за мали и големи угостителски објекти, без разлика дали оперираат на една или повеќе локации. Ecash ви нуди слобода да го адаптирате според вашите потреби, било тоа со избор од повеќето модули или хардвер компоненти.

Софтвер за ресторанско работење (POS)

Примајте, обработувајте и организирајте ги нарачки по локација со голема едноставност и следете ги продажбите во реално време.

Финансиска анализа

Со алатката за аналитика имате пристап до детална историја на продажби, која ви овозможува да ги следите и анализирате приходите во реално време.

Дигитален приказ на просторот

Дигиталниот приказ од внатрешното уредување на просторот ви нуди целосен преглед и организираност на сите активни нарачки во ресторанот.

Едноставен интерфејс

Интерфејсот на Ecash POS е дизајниран да биде лесен за управување, без разлика на претходното искуство или техничко знаење на корисникот.

Онлајн нарачки (EOrder)

QR систем за нарачки кое ви помага во одржување на квалитетна и навремена услуга во најпрометните периоди.

Дигитално QR мени

QR системот нуди брз и едноставен пристап до вашето мени и ви овозможува ажурирање на понудата во кој било момент.

Бесконтактна нарачка

Иновативен QR систем кој дозволува безбеден и удобен начин на вашите гости сами да ги направат своите нарачки од сопствените мобилни уреди.

Безбедни плаќања

Гостите кои извршуваат нарачки преку онлајн платформите можат да ги реализираат своите плаќања дигитално или во моментот на достава.

Ефикасна обработка на нарачки

Кујнскиот дисплеј систем (КДС) ефикасно обработува и прикажува нарачки на екран во кујната, забрзувајќи го процесот на подготовка.

Синхронизирано работење

КДС нуди целосна контрола и лесна комуникацијата меѓу вашиот персонал за послужување и готвачите, го намалува ризикот од грешки и оптимизира работниот процес.

Беспрекорна интеграција

КДС совршено се интегрира со вашите постоечки алатки, со што ви овозможува да креирате комплетен систем за прием и обработка на нарачки.

Приоритизација на нарачки

Екранот во кујната ги приоретизира и прикажува нарачките организирано според видов и времето потребно за подготовка.

 

Пронајдете го вашето идеално решение​

Ecash POS системот претставува комплетно решение дизајнирано да ги задоволи потребите на секој угостителски објект. Од бесконтактни плаќање и обработка на нарачки, до детално следење на нивото на залихи во магацинот, Ecash ви нуди решение за секој дел од вашиот оперативен процес.

Прилагодете го вашиот POS систем да се усогласи со вашите потреби

Бесконтактна нарачка и наплата

QR систем за бесконтактно плаќање и обработка на нарачки преку мобилен уред.

Кујнски дисплеј систем

Интегриран систем за пренасочување на нарачки директно на екран на допир во кујната.

Управување со магацин

Детално следење и увид во нивото на залихи, од нивна набавка до употреба.

Извештаи

Флексибилни и приспособливи извештаи за подобро разбирање на вашиот бизнис.

Фактури

Едноставен и ефикасен процес на издавање персонализирани фактури.

Хардвер

Овозможете си беспрекорен оперативен процес со нашиот висококвалитетен POS хардвер.

Креирајте го вашиот идеален POS систем!

Создадете го вашиот совршен POS систем со модуларните опции на Ecash, кои се движат од основни софтвер за ресторанско работење до QR нарачки и KDS, погодни за една или повеќе локации.

Креирајте го вашиот идеален POS систем!

Ecash POS системот го олеснува управувањето со вашиот ресторан. Од основниот софтвер за ресторанско работење, до бесконтактни плаќања и детални извештаи, креирајте совршено POS решение за сите ваши угостителски потреби.

Интеграција со популарни софтвери

Нашиот софтвер се интегрира без никакви препреки со водечки софтвери на пазарот, овозможувајќи ви да создадете ефикасно решение кое ги усогласува сите ваши операции. Централизирајте ги сите ваши бизнис процеси и елиминирајте ја потребата од користење на повеќебројни алатки.

 
exact-logo
mollie-logo
thuisbezorgd-logo
uber-eats
tapp-logo

Често поставувани прашања.

Да. Ecash POS е изграден од модули што го прави лесно прилагодлив кон вашите потреби, додавајте и одземајте од широката палета на модули со само еден клик. Потребен ви е кујнски дисплеј систем (КДС), QR дигитално мени, уред за мобилно нарачување или работа со фактури и коминтенти што и да ви е потребно, достапно веднаш.

Зависно од модулите кои ќе ги одберете за вашиот POS систем, цената се движи од X до X на месечно ниво.

Сами избирате дали сакате КДС модулот да биде вклучен во вашиот POS систем или не.

За разлика од софтверот, хардверот не е вклучен во претплатата и се плаќа еднократно при инсталацијата.

Најпопуларни модули на Ecash се: Онлајн нарачки(QR Order), кујнскиот дисплеј систем(КДС), управување со магацинот, POS извештаи и фактури.

Ecash интерфејсот е оптимизиран да биде јасен и читлив без разлика дали го користите на мобилен телефон, лаптоп или таблет.

Да. Со помош од нашиот технички тим, ќе можете брзо да научите како да префрлате податоци на вашиот нов Ecash POS систем.

Надминете ги сите очекувања со Ecash POS.

Изберете го вашиот регион